За нас

ЈУГОИСТОК ПЛУС-Богданци е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности со цел подобрување и унапредување на југоисточниот дел на Република Северна Македонија. ЈУГОИСТОК ПЛУС како здружение на граѓани своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Северна Македонија, Законот за здруженија и фондации, со овој Статут како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област. ЈУГОИСТОК ПЛУС има статус на правно граѓанско лице. ЈУГОИСТОК ПЛУС дејствува и работи на територија на Република Северна Македонија, но остварува и широка меѓународна соработка. Целите и задачите што ги врши ЈУГОИСТОК ПЛУС се од јавен интерес за Република Северна Македонија. Работата на ЈУГОИСТОК ПЛУС е јавна.

Основна цел на Здружението е промоција во сите сектори на југоисточниот плански регион на Република Северна Македонија.

Здружението, своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, со овој Статут и Законите на Р.С. Македонија.