Цели

Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е развој на југоисточниот плански регион на Република Северна Македонија во сите сфери.

Основни цели и задачи на Здружението се:
– Стимулирање, поддршка, лобирање, менаџирање, имплементација и развој на
европските вредности на граѓаните во југоисточниот дел на Република Северна Македонија
– Стимулирање и поддршка на отворената критика и критичко размислување;
– Стимулирање, креирање, менаџирање, имплементација и развој на современи
истражувачки и аналитички механизми, активности, манифестации, проекти,
програми и иницијативи од сите области кои ќе бидат корисни за југоисточниот дел на Република Северна Македонија
– Стумулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со Општините од Југоистокот,
медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации
и остварување на меѓународна соработка
– Поддршка, созадавање и развој на соработка со органите на централната и
локалната власт, меѓународни институции и организации, странски амбасади и
влади;
– Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на младинскиот
позитивен имиџ, преку позитивните примери за младите.
– Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на сите граѓани во југоисточниот регион на Република Северна Македонија
– Развој на мрежа на регионални ограноци, низ целата југоисточна територија на Република Северна Македонија.
– Промоција на туризмот во југоисточниот дел на Република Северна Македонија.