Обука: Финансов менаџмент и набавки за ЕУ проекти

Обуката се одржа на 2-4.07.2019 во Хотел на Винаријата „Попова Кула“ во Демир Капија и беше посветена на финансиски менаџмент и набавки за ЕУ проекти.

Имаше многу учесници и предавањата беа многу интересни со практични примери и искуства од предавачите кои и самите доаѓаа од невладини организации

Обука: Застапување, лобирање, вмрежување и зајакнување на граѓанските организации

Југоисток Плус е на обука посветена на „Застапување, лобирање, вмрежување и зајакнување на граѓанските организации“ која се одржува од 25 до 27 Февруари во Аурора Ресорт во Берово.

Главниот фоус на оваа обука е дефинирање и појаснување на поимите и методите за застапување, лобирање и вмрежување со цел зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и потенцијалите на нејзините членови за поуспешно влијание врз политиките кои ги засегаат целите на организацијата и нивното работење.

Дводневна обука „Транспарентно и отчетно управување“

Тимот на проектот „Вмрежување и застапување на зелена економја“ ја организира дводневната обука посветена на „Транспарентно и отчетно управување“ во хотел Сириус во Струмица.

Главниот фокус на оваа обука е дефинирање и појаснување на поимите управување и раководење со граѓански организации со посебен осврт на принципите на отчетност и транспарентност. Обуката има за цел да ги зајакне потенцијалите и капацитетите на помалите граѓански организации од руралните средини чие делување е насочено кон одржлив развој на руралните средини.

Претставник од ЈУГОИСТОК ПЛУС е Ристо Прчев.

Обука „Мониторинг на јавни политики”

Југоисток Плус учествуваше на обуката „Мониторинг на јавни политики” која  денес се одржа во Богданци во рамки на проектот „Руралните општини и жителите взаемно го градат животот и довербата во локалните заедници” – партнерски проект на ПОЛИМАТ 13 и Рурална коалиција, регрантиран во рамки на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население”, финансиран од Европската Унија.

Трката со кајаци ги збратими Општина Дојран со Општина Свиштов

Претпладне, градоначалниците на град Дојран во Република Македонија и Свиштов во Република Бугарија си подадоа рака со договор за збратимување помеѓу двата града.

Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав, Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собра стотици локални гледачи и туристи „Под Јаворите“ на брегот на Дојранското Езеро. Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои ги демонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.

Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк, Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-Македонски Младински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Обука за проектен циклус за претставници на здруженија на граѓани, месните заедници, советите и општините Богданци и Кривогаштани

Се одржа обука за проектен циклус за претставници на здруженија на граѓани, месните заедници, советите и општините Богданци и Кривогаштани, како дел од активностите во проектот “Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалните заедници” кој ПОЛИМАТ 13 го спроведува во партнерство со Rural Coalition – Рурална Коалиција во рамки на проектот Национален рурален парламент како глас на руралното население финансиран од Европската унија.

Се основа ЈУГОИСТОК ПЛУС

Централниот Регистар на Република Македонија преку регистраторот Ненад Миноски, постапувајќи по пријавата за упис на основање на Здружение на граѓани ЈУГОИСТОК ПЛУС Богданци, со примена на член 21, 30, 39 и 41 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (”Службен весник на РМ” бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15 и 53/16) и член 42 и 43 од Законот за здруженија и фондации (“Сл.весник на Република Македонија” бр.52/10, 135/11 и 55/16), го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

Одобрување на пријавата: 27.07.2018
Предмет на регистрација: Упис на основање